Уште од прастари времиња, моќта на виното е препознаена како исклучителен дар од природата. Денес, грозјето, семките од грозје и виното се најжешките трендови во растечката глобална спа индустрија и стануваат неизоставен дел од огромната туристичка понуда. Винотерапијата (винската терапија) и винското спа само ја потврдуваат тезата дека „виното не е само добро за пиење, туку е добро и за вашите пори и за целото тело“.
Овој оригинален (и во регионов единствен) вид на терапија кој го применуваме во Гарден Спа бутик хотелот во Скопје, Македонија, е продолжување на вековното наследство и традицијата на почит кон лозарството и културата кон виното, која во овој регион постои повеќе од 4,000 години. Македонија и Македонците со својата етнокултурна посебност имаат голема и пионерска улога во историјата на лозарството и винарство на Медитеранот и во Европа.
Лозата и грозјето, како и виното, се одамна прочуени по своите освежувачки и подмладувачки дејства со нивна консумација но и употреба на кожата. Винската терапија се смета како огромен дел од животот и релаксацијата на кралски семејства и благородници за добро здравје и кожа, и е оттогаш применета со нови техники и масти, со слични резултати – одлично здравје и кожа.
Додека уживате во вашата винска бања, или сакате да ја завршите терапијата на високо ниво после вашата масажа, можете да уживате и во вкусот на нашата селекеција на бели и темни македонски вина.